Работодавците се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година да го пресметаат и исплатат со платата за март

Bez autora
Mar 20 2023

Министерството за труд и социјална политика известува дека во однос на објавата за висината на минималната плата за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.58/23), која беше објавена на 16.0.2023 година, во согласност со Законот за минималната плата во Република Северна Македонија, работодавците се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година од 29.739,00 денари да го пресметаат и исплатат со платата за март.

Во согласност со Законот за работните односи, платата за март треба да се исплати најдоцна до 15 април 2023 година.

Износот на минималната плата во согласност со критериумите од методологијата донесена изминатата година беше усвоен на Економско-социјалниот совет одржан на 13.3.2023 година.

На ниту еден работник со мартовската исплата нема да му биде исплатена плата помала од 20.175 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik